Побарале бесплатно па јадат, па демолирале бурекџилница во Кисела Вода - приведени тројца насилници
Ноќеска, 15 мин по полноќ во Скопје на улица „Христо Татарчев“ во фурна „Христина Клас“, додека Љ.Н.(64) од Скопје, била на нејзиното работно место заедно со нејзиниот син дошле три непознати лица во алкохолизирана состојба и побарале да јадат без пари.
Откако им било укажано дека не може да јадат без пари, едно од лицата кое имал боксирач во раката започнал да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата.
По ова, Љ.Н. им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, а истите физички ја нападнале, едно од лицата вперило и пиштол кон неа.
По преземени мерки во врска со пријавениот настан во Полициска станица Кисела Вода се приведени А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) сите од Скопје.
Се превземаат мерки за документирање на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик