По воениот удар во Картум избија насилни протести
– Десет илјади луѓе денеска протестираат на улиците на главниот град на Судан, Картум поради воениот удар, а според очевидци и локалните медиуми имало и судири и престрелки, а има и повредени луѓе.
Во градот нема интернет, а аеродормот е затвоен,
Армијата денеска приведе министри и премиерот Абдал Хамдок, кој е одведен на непозната локација откако одби да го поддржи воениот удар.
Генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шеф на владејачкиот Суверен совет, тело формирано по соборувањето на режимот на претседателот Омар ал Башир во 2019 година за да ја надгледува поделбата на власта меѓу цивилите и војската, прогласи вонредна состојба и го распушти Советот и Владата.
Директорот на канцеларијата на Хамдок, Адам Хереик изјави дека армијата извршила воен удар и покрај постигнатиот договор помеѓу Хамдок и Бурхан.
Претходно, специјалниот претставник на САД за Рогот на Африка, Џефри Фелтман, изјави дека Вашингтон е „длабоко вознемирен од извештаите за воено преземање“ во Судан.
– Тоа би било спротивно на Уставот и демократските аспирации на суданскиот народ и е крајно неприфатливо. Како што постојано повторуваме, секоја промена на преодната влада со сила ја става во опасност американската помош, истакна Фелтман.
Ново на Сител
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ