По ветото на САД, закажана итна седница на Генералното собрание на ОН за статусот на Ерусалим
Генералното собрание на ОН задутре ќе одржи итна седница по барање на арапските и муслиманските земји поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Палестинскиот претставник во ОН Ријад Мансур изјави дека Генералното собрание ќе гласа за предлог-резолуција, со која се бара одлуката на Трамп да биде повлечена. На таа резолуција, во Советот за безбедност, вчера САД ставија вето.
Другите 14 земји во Советот ја поддржаа резолуцијата поднесена од Египет. Во неа не се споменуваат конкретно САД или Трамп, туку се изразува „длабоко жалење за неодамна донесената одлука за статусот на Ерусалим".
Мансур изрази надеж дека Генералното собрание ќе гласа за резолуцијата. Овој тип на гласање нема обврзувачки карактер, но има политичка тежина.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека ќе ја поднесе резолуцијата со која се повикува САД да ја повлече својата одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
- Сега со Божјата волја, ние ќе поднесеме резолуцијата во Генералното собрание на ОН, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со претседателот на Џибути Исмаил Омар Геле.
- Поддршка од две третини во Генералното собрание во реалноста ќе значи отфрлање на одлуката на Советот за безбедност, додаде Ердоган
Според Резолуцијата од 1950 година, специјална итна седница на Генералното собрание може да се свика заради дискутирање на одредено прашање, „за да се подготват соодветни препораки до земјите членки за колективни мерки", доколку Советот за безбедност не успее да преземе акција.
Само 10 такви состаноци се свикани во историјата на ОН. Тоа последен пат се случи во 2009 година во врска со окупираниот Источен Ерусалим и Палестинските територии.
Ново на Сител
-
Мицкоски на Самитот на ЕПП: Учеството на ваквите меѓународни настани е клучно за зајакнување на позицијата на земјата во европскиот контекст
-
Ѓорѓиевски: Од понеделник започнува исплатата на субвенции за жителите на Кисела Вода
-
Родено првото бебе зачнато со новиот „Фертило“ метод
-
Од утре дожд, снег и постудено
-
Дисциплинска за полицајците кои го пуштија Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј