Бизнис
29. јуни 2020 - 16:54

По три месеци пауза стартуваат со работа меѓународните аеродроми

Келн, Бремен, Ларнака, Стокхолм се првите дестинации до кои во среда ќе се лета од скопскиот аеродром. По три месеци пауза, за два дена аеродромите во земјава ќе ги отворат  вратите. Првите авиони од Скопје ќе полетаат во шест часот наутро, а првите патници кои ќе притигнат во земјавата ќе бидат од Истанбул.  

Според протоколот за работа, патниците на аеродромот треба да пристигнат три часа пред летот. На самиот влез ќе ги дезинфицираат рацете и мора да носат заштитна маска. На термална камера ќе се врши проверка дали имаат покачена телесна температура. Користењето на чекалните ќе се редуцира, а сомнителните патници ќе бидат спроведени  во соба за изолација. Во авионот нема да има ограничување на местата за седење, но патниците заштитната маска ќе мора да ја носат за време на целиот лет. 

Од ТАВ  велат дека протоколот за работа е според светските стандарди и патниците  доколку го почитуваат мерките  целосно ќе бидат заштитени.

Од први јули се очекува да продолжат ниско буџетните летови кои беа стопирани во март поради кризата со вирусот.