По привремениот прекин, „Повардарие” продолжува да откупува грозје
По привремениот прекин со откуп поради пренатрупаност со грозје и неопходност од време тоа да биде преработено, винарската визба „Повардарие” од Неготино продолжува со откупување и преработка на грозје од годинешнава гроздоберска реколта, потврдија денеска за МИА од винарницата.
- Од објективни причини моравме да направиме мал прекин во откупот бидејќи пред винаријата се создаде голема колона трактори кои донесоа грозје. Нашиот капацитет е ограничен во поглед на преработката на грозје и затоа решивме првин да го преработиме грозјето што веќе беше обрано, па потоа да продолжиме со откупот. Како што ветивме, по времениот прекин, додека паѓаше и дожд и бербата беше и природно стопирана, повторно откупуваме грозје, соопштија од винарницата.
Нагласуваат дека откупот е со претходна најава за да не се создаваат гужви, а ќе трае се додека има грозје.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата