По пад од тераса тешко поведен жител од Кочани
Вчера околу 21:50 часот во ПС Кочани, П.С. (52) од Кочани пријавил дека пред неговата куќа пронашол непознато машко лице кое лежело на грб облеано во крв и кое било повредено во пределот на главата и било неконтактибилно. Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Медицински центар Кочани, каде му биле констатирана тешки телесни повреди (расекотина во задниот дел од главата и крварење од ушите) и му била укажана лекарска помош, по што било пренесено во Ургентниот центар Скопје. Од извршениот увид констатирано е дека лицето најверојатно се здобило со повреди на главата при пад од неоградена тераса на куќата на пријавителот од висина од околу 3 метри, на бетонската површина во дворот. Кај повредениот не биле пронајдени лични документи и не е утврден неговиот идентитет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај