По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“
Иран, кој со децении има затегнати односи со САД, изрази надеж дека изборот на Доналд Трамп ќе му овозможи на Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.
„Имаме многу горчливи искуства со политиките и пристапите на различните американски влади“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Есмаил Багај, пренесе официјалната агенција ИРНА.
Тој апелираше до Вашингтон да ги преиспита погрешните пристапи од минатото.
Иранските медиуми денеска опширно известуваат за резултатите од претседателските избори во САД.
„САД се големиот сатана, кој и да е претседател“, пишува весникот „Кејхан“.
Владиниот весник „Иран“ наведува дека „иранската економија е погодена од притисоци, но дека сега ситуацијата е поинаква и дека Трамп повеќе нема да може да го изолира Иран и да и наштети на економијата“ на земјата. За време на неговиот прв мандат, Доналд Трамп одржуваше многу тензични односи со Техеран, анализираат медиумите.
Во мај 2018 година, тој еднострано ги повлече САД од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно воведе остри санкции кон Техеран, и покрај договорот склучен со големите сили.
Ново на Сител
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана