По 11 години бегство уапсен Идриз Рустеми, разбојникот на Про кредит Банка
Лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на Прокредит банка по кого била распишана потерница, вчера бил уапсен во Тетово во Палма Мол, во ресторанот Емпириум, по што бил спроведен во ПС Тетово од каде бил спроведен во ПС Кисела Вода по што бил спроведен во КПУ Идризово, пренесува „Курир“.
Тој е осуден на 8 гoдишна казна затвор за вооружен грабеж кој се случи во Скопје во 2009та година. Фатен од тигрите во Тетово, по претходна дојава.Рустеми Идриз, (И.Р) е еден од ограбувачите на Прокредит банка кој се случи во април 2009 година. Тогаш од експозитурата на Прокредит Банка беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со Калашникови ранети беа тројца полицајци.
Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.
Кривичниот суд во февруари 2010 година му изрече казна затвор од осум години на Флорим Малоку од Косово, првообвинет за грабежот на Прокредит банка, во центарот на Скопје. Иста казна добија и Идриз Рустеми и Авдиљ Тахири, на кои им се судеше во отсуство, додека Бислим Тахири за помагање заработи пет години затвор.
Ново на Сител
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот
-
Сиљановска отповика седум амбасадори, за назначување нови нема ниту почната постапка
-
Хајрулахи: Кривичната и оддалечувањето од работното место не се поради мобинг
-
Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска