Loading Video...
Фудбал
5. December 2020 - 16:33

ПМФЛ: Шкендија го совлада Борец

Со натпреварот што се одигра попладнево во Велес, а во кој Шкендија го победи Борец беше отворено 15.коло во ПМФЛ.
 
И по четиринаесетиот одигран натпревар сезонава екипата на тетовска Шкеднија останува непоразена. Напротив. Тетовци ја остварија и осмата победа откако со 2:0 го совладаа Борец. 
 
Гостите поведоа во 25.минута од пенал, што го реалицира Ибраими, откако Сточјевски во казнениот простор го собори Тотре, по што беше досудена најстрогатра казна.
 
Во финишот на натпреварот односно 82-минута по неуспешната офсај стапица на домашната одбрана Дориев ги постави конечните 2:0 за Шкендија. 
 
Останатите натпревари од оваа рунда нба програмата се утре (недела) со почеток од 13 часот.
Двојките се:
РЕНОВА -  СИЛЕКС
ВАРДАР -  РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ -  АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ПЕЛИСТЕР -  ШКУПИ
БЕЛАСИЦА -  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 
 
ТАБЕЛА 
1 ШКЕНДИЈА 33
2 ШКУПИ 28
3 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 26
4 БОРЕЦ 22
5 СИЛЕКС 20
6 СТРУГА ТЛ 20
7 ВАРДАР 19
8 РАБОТНИЧКИ 17
9 РЕНОВА 14
10 ПЕЛИСТЕР 12
11 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 10
12 БЕЛАСИЦА 9