Loading Video...
Фудбал
28. February 2021 - 16:27

ПМФЛ: Две победи на домаќините, два дуели без голови и само еден триумф на гостите

Две победи на домаќините, два дуели без голови и само еден триумф на гостите е епилогот на денешните натпревари од 20.коло  во ПМФЛ
 
Лидерот на табелата во домашното македонско фудбалско првенство, односно првата лига, Шкендија со 2:1 го победи Вардар на домашен терен. 
 
Во првиот дел за неполни две минути беа постигнати по еден го на двете страни. 
 
Прво Мурати во 15-минута и донесе водство на Шкендија, а веднаш на спротивната страна Мирчевски израмни на 1:1. 
 
Во вториот дел се чекаше се до 62.минута кога Алими го постигна вториот гол за домаќините, а со тоа и конечниот резултат на натпреварот, Шкендија – Вардар 2:1. 
 
Победа на домашен терен забележа и Пелистер над Ренова, додека немаше голови на дуелите Македонија ЃП – Борец и Шкупи – Академија Пандев. 
 
Потсетување дека без победник заврши и вчерашниот меч меѓу Работнички и Силекс, а единствената победа на гостите во ова коло им ја Струга која славеше во Штип кај Брегалница. 
 
 
Комплетни резултати од 20.коло во ПМФЛ
денеска
ШКЕНДИЈА -  ВАРДАР 2 – 1 
ПЕЛИСТЕР -  РЕНОВА 3 – 1 
БЕЛАСИЦА -  СТРУГА ТЛ 1 – 2 
МАКЕДОНИЈА ЃП -  БОРЕЦ 0 – 0 
ШКУПИ -  АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0 – 0 
вчера
РАБОТНИЧКИ -  СИЛЕКС 1 – 1 
 
 
ТАБЕЛА
1 ШКЕНДИЈА 45 бодови 
2 ШКУПИ 37
3 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 35
4 СТРУГА Т.Л. 32
5 РАБОТНИЧКИ 28
6 ВАРДАР 26
7 БОРЕЦ 26
8 СИЛЕКС 23
9 ПЕЛИСТЕР 22
10 РЕНОВА 19
11 АК.ПАНДЕВ 18
12 БЕЛАСИЦА 12