Македонија
10. October 2016 - 19:21

Плочата на Кајмакчалан била незаконски поставена

Позитивни и одлични резултати со взаемна соработка на полето на културата помеѓу Македонија и Бугарија. Ваков е заклучокот на денешната средба на министерката за култура Елизабета Камчевска- Милевска со  нејзиниот колега, Бугарскиот министер за култура Вежди Рашидов.

Министерот Рашидов е импресиониран од новиот изглед на Скопје. Тој вели дека ова што е изградено за кратко време е навистина изненадувачки и ова ќе остане за идините генерации. Го најави отворањето на новиот Бугарски културен Центар.

За Кајмакчалан вели дека тоа е изолиран инцидент на одредена група на луѓе кои сакаат да стекнат популарност.

Во рамките на посетата, договорено е да се остварат голем број на културни настани и проекти, се со цел промовирање на културните но и на европските вредности. Во врска со иницијативата за поставување на заедничко спомен-одбележје од министерството за Култура велат дека стојат отворени за соработка и дека се треба да се спроведе во рамките на законот и законските прописти на Република Македонија.