-->
-->
Пленковиќ негативен на тестот за коронавирус
-->
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е негативен за коронавирус, покажа тестот извршен по неговиот краток престој во саботата на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар.
“Иако тој не беше во контакт со заразените тенисери, ниту во близок контакт со другите тенисери, премиерот Андреј Пленковиќ, со оглед дека извршува одговорна должност, денеска изврши тест за присуство на коронавирус и резултатот е негативен”, пренесе порталот Индекс, хр., повикувајќи се на соопштение на хрватската Влада.
Пленковиќ беше тестиран за коронавирус, откако во саботата беше на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар, што беше прекинат кога беше откриено дека бугарскиот репрезентативец Григор Димитров е позитивен за Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници