Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
Четворица повредени во пожарот во ноќниот клуб во Северна Македонија за два дена ќе пристигнат во Хрватска со хеликоптери на хрватската армија, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ и уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и на преживеаните им посака брзо закрепнување.
„Ќе дојдат, ми се чини, за два дена. Утре хеликоптерите на Министерството за одбрана, односно на хрватската армија ќе преземат четворица повредени пациенти. Таков е договорот и комуникацијата со македонските власти“, изјави денеска Пленковиќ пред новинарите.
Пленковиќ додаде дека веднаш му се јавил на колегата Христијан Мицкоски кога слушнал за трагедијата.
„Тоа е навистина огромна трагедија. „Сите информации што можевме да ги следиме вчера и денеска укажуваат дека ова е нешто без преседан за Северна Македонија и уште еднаш изразувам сочувство до семејствата на сите жртви, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, рече премиерот.
Неколку десетици тешко повредени лица се транспортирани или се подготвуваат за транспорт во неколку соседни земји, меѓу кои Бугарија, Грција, Србија, Хрватска и Турција, соопштија денеска македонските власти.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани