„Плејбој" ја враќа голотијата на своите страници
Една година по одлуката да ги повлече женските акти од своите страници, најпознатото машко списание во светот „Плејбој" повторно се враќа на својот препознатлив стил. Ова го навести синот на Хју Хефнер - Купер Хефнер (25), кој е сегашен уметнички директор на списанието.
Во објава на Твитер, тој вели дека исфрлањето на голотијата било грешка, па сега е време списанието да се врати кон својата автентичност. Во убавината на женското тело ќе може да уживаме веќе во претстојниот мартовски број. Сепак, на сметка на тоа, логото „Забава за мажи" ќе биде отстрането од корицата.
- Ние секогаш ќе бидеме лајфстајл списание, насочено првенствено кон она што ги интересира мажите, но како што и улогата на половите во општеството се менува, така треба и ние, вели Хефнер.
„Плејбој" е списание кое ги урива табуата и отворено говори за сексуалната слобода, но во истовреме поттикнува јавни расправи за тоа од социјален, философски и религиозен карактер.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток