-->
-->
Плеј оф - финале: Куманово за „мајсторка“, МЗТ Скопје за титула
-->
Финалната серија од кошаркарскиот плеј оф може да заврши доколку вечерва МЗТ Скопје Аеродорм постигне победа на гостувањето кај Куманово. Ова е четвртиот натпревар од финалната серија во која Куманово поведе со 1-0 во победи, а првакот МЗТ Скопје со двата триумфа успеа да направи пресврт и да дојде на една победа до нова шампионска титула.
Куманово оваа натпреварувачка сезона постигна две победи над МЗТ Скопје на домашен терен, но првиот домашен натпревар од финалето го загуби. Кошаркарите на Куманово ќе се обидат на вечерашниот дуел да се изборат за победа и со тоа да продолжат серијата и шампионот да биде решен со одигрување на „мајсторка“ во недела во Скопје.
Од безбедносни причини домаќинот КК Куманово во продажба ќе пушти помалку влезници во однос на првиот дуел, а цената ќе биде двојно повисока и ќе изнесува 100 денари. Почетокот на натпреварот е во 19 часот, а судии се: Марјан Мицевски, Александар Милијевиќ и Зоран Митровски.
Резултати на претходните дуели:
МЗТ Скопје - Куманово 84:87 (0-1)
Куманово - МЗТ Скопје 75:82 (1-1)
МЗТ Скопје - Куманово 91:73 (2-1)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Лимани и Камбовски нови членови на Судскиот Совет
-
Мицкоски го доби мандатот да формира Влада
-
Мицкоски бара од Гаши да се извини за изјавата дека Косово е неговата татковина
-
Револтирани стружани со свирежи го одбележаа патронот на училиштето „Браќа Миладиновци“
-
Судиите од Врховен бираат претставник за Судскиот Совет
-
Денеска се затвораат вратите во СДСМ за поднесување на претседателски кандидатури