Планинарите од Љуботен на традиционално искачување на Попова Шапка
Членовите на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово во текот на вчерашниот ден 26 април го изведоа традиционалното искачување од градот со почетна позиција од 470 метри надморска височина до месноста „Антени“ на 2.550 метри на Попова Шапка. Висинска разлика од 2080 метри ја поминале за 3:30 часа.
-Велики Петок кај Љуботенци е резервиран за традиционално искачување до Антени што претставува вистински предизвик за сите планинари. Тргнавме од 7:00 часот од пред Жичарата во Тетово, а групата ја водеше Дарко Спироски. За разлика од минатата година каде времето беше врнежливо, оваа година имавме одлично сончево и топло време. Генерално се движевме покрај столбовите од жичарата која за жал веќе подолго време не е во функција. Поминавме покрај шарпланинските села Гајре и Лисец така што по 3,5 часовно пешачење стигнавме на Попова Шапка. Од тука оние кои се чуствуваа поспремни тргнаа во правец на врвот Церипашина каде им се приклучија уште двајца членови кои со возила беа пристигнати на Шапка, информираат од планинарскиот клуб Љуботен.
По завршеното искачување учесниците одморија во планинарскиот дом „Љуботен“ на Попова Шапка. По ручек и неколку часа одмор, сите учесници исто така пеш се вратија кон Тетово околу 19:30 часот. Во текот на мај ПК Љуботен го организира најмасовното искачување на Титов Врв на 2.747 метри надморска височина.
Ново на Сител
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО