Планинари од Делчево поставија патокази до врвот Чавка

Планинарскиот спортски клуб „Голак“ ги постави патоказите од Делчево до врв Чавка на 1538 метри надморска висина и врв Мала Чавка на 1508 метри надморска висина, со што од делчевска страна го заврши обележувањето на националната патека финансирана од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и од Федерацијата за планинарство.
Во рамки на активноста, како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“, освен планинари од Делчево, присуствуваше и претставник на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
– Со ова Општина Делчево е првата во регионот која ја има носечката планинарска трансверзала Голак-Плачковица и на која во иднина ќе можат да се надоврзуваат други патеки кон околните планини во регионот, информираше Чучуковски.
Поставувањето на патоказите, додаде, продолжува во делот од виничка страна.
– Во идните денови продолжуваме со поставување патокази и на планината Пачковица на потегот од село Блатев, Врв Чупоно на 1723 метри надморска висина – брбот Мал Бел Камен на 1701 метри надморска висина и врвот Лисец на 1754 метри надморска висина кој се наоѓа над село Градец во општина Виница, дополни Чучуковски.
Во наредниот период се очекува оваа национална патека да биде надоврзана со планинарски патеки кои ќе водат кон Осоговските Планини, Малешевските Планини, Влаина, Готен, Огражден, Средна, Обозна и други планини.
Ново на Сител
-

ФА размислуваше да ја оспори кандидатурата за реизбор на Инфантино
-

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови
-

УНФПА предупредува: Светот ризикува да ја разочара следната генерација
-

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“
-

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција
-

Потешко до работа во Германија: Од 50.000 на 25.000 Германија ја намалува квотата за работници од Македонија и регионот
-

Во Сенџен почна историската средба Шји – Трамп – Путин
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
