Македонија
19. November 2026 - 10:51

Тошковски во Дубаи ја прими наградата „Excellence in Road Safety“ за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја прими престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“. Наградата му беше врачена на официјалната церемонија во рамки на Светскиот полициски самит 2026 (World Police Summit 2026) во Дубаи.

- Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот. Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво - наведува Тошковски во објавата на Фејсбук.

Министерот нагласува дека оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.

- Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи. Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија! - пишува Тошковски во објавата. 

 

МИА