Пјонгјанг: САД ќе зажалат за одлуката за испраќање носач на авиони на Корејскиот Полуостров
Северна Кореја денеска вети дека ќе одговори на „неразумното“ испраќање на американскиот носач на авиони „Карл Винсон“ и бродовите што го придружуваат кон Корејскиот Полуостров и изрази подготвеноста за „војна“, пренесоа француските медиуми.
- Неразумното американско „гракање“ со цел да завладеат со Северна Кореја ја достигна збунувачката фаза, кажа портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи, цитиран од официјалната агенција КЦТА.
„Пјонгјанг е подготвен за војна, а Вашингтон ќе ја понесе одговорноста за катастрофалните последици од своите подбуцнувачки дејствија“, дополни тој, цитиран од ТАСС.
Претходно, Тихоокеанската команда на американските Вооружени сили потврди дека ударната група на носачот на авиони „Карл Винсо“ се упатила кон Корејскиот Полуостров.
Американските медиуми наведуваат дека во овој регион често пати се испраќаат американски воени бродови за да демонстрираат сила.
Претседателот Доналд Трамп неодамна од своите советници побара да му ја изготват целата гама од варијанти за вршење притисок врз режимот во Пјонгјанг да ја прекине својата програма за нуклеарно вооружување. Тој дури се закани дека САД еднострано ќе дејствуваат доколку Кина не ја вразуми својата разгоропадена соседна земја.
Ново на Сител
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето