-->
-->
Пјат: Идеално време е за решавање на спорот за името
-->
Сега е идеално време да се пронајде решение за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, порача од Солун американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат.
Тој вчера попладне,по средбата со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, истакна дека промената на власта кај северниот грчки сосед го олеснува процесот.
Бутарис го информирал Пјат за неговите иницијативи за отворање на комуникацискиот канал со Скопје.
За време на средбата било разговарано и за учеството на САД, како почесна земја, на 83. Меѓународен саем во Солун (TIF).
Американскиот амбасадор посочи дека САД нема само да учествуваат на саемот, туку и ќе го промовираат настанот во Атина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош