Писмо со благодарност до Вселенскиот патријарх од бројни академици, професори и значајни општественици од Македонија
Група академици, општествени, научни, просветни, здравствени, културни работници од повеќе сфери во земјава испратија отворнео благодарствено писмо до вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и за историската одлука донесена неделава.
Според неа нашата возљубена Црква, нејзината свештена јерархија, клирот и народот, повеќе не се во шизма и раскол и во меѓународна изолација, туку во канонско и литургиско општење со Првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија, а преку неа и со сите останати помесни православни цркви. Истовремено, границите на црковната власт на нашиот Архиепископ, Неговото Блаженство г. г. Стефан и на нашиот Свет Синод се најпосле омеѓени и загарантирани, за што ние сме особено среќни, се вели во писмото.
„Оваа одлука Ве преставува Вас како вистински Татко кој се бори за доброто на сите Православни и Архипастир кој се грижи за добриот поредок и успевањето на едната, света, соборна и апостолска Црква. Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол. Ви благодариме особено и заради тоа што на нашата Црква ѝ го признавате легитимитетот како на духовна и преемствена наследница на древната и историска Охридска Архиепископија. За неа слободно може да се каже дека е срцето со кое пулсира духот на нашиот православен македонски народ и сите други граѓани кои се црквуваат во неа“ стои во писмото со благодарност на група македонски интелектуалци до вселенскиот патријарх.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
