Пирот: Пронајдени се две тела на починати лица, 57 се во болница по излевањето на амонијак
Во Пирот е на сила вонредна состојба по истекување на амонијак од превртениот вагон, училиштата, градинките и јавните институции денеска се затворени.
Амонијакот и понатаму истекува, а досега се хоспитализирани 57 лица, од кои 15 лица, 3 деца и двајца спасувачи во УКЦ Ниш, пронајдени се и две тела на починати лица, автопатот од Пирот кон Ниш и понатаму е затворен.
Министерот за транспорт, Горан Весиќ, ден по несреќата пристигна во Пирот и рече дека нема причина за паника бидејќи ситуацијата е под контрола, но има причина да се биде претпазлив бидејќи инцидентот не е завршен и затоа што не се санирани сите последици.
Градоначалникот на Пирот, Горан Васиќ изјави дека од 20 цистерни, четири се превртеле од кои од едната сè уште истекува амонијак, додека граѓаните на Пирот изјавија дека седат дома и излегуваат само ако имаат итна потеба.
Медиумите од Пирот јавуваат дека миризбата на амонијакот се чувствува во околината на Станичење, сè до влезот на индустриската зона Пирот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови