Македонија
26. October 2018 - 8:48

Пијано рецитал на шестнаесетгодишниот Арда Мустафаоглу во Прилеп

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва пијано рецитал ќе одржи шеснаесетгодишниот пијанист Арда Мустафаоглу кој за првпат ќе се претстави пред прилепската публика.

Концертот е во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“, а на програмата се дела од класичната музика.

Мустафаоглу е добитник  на многу награди на интернационални натпревари во Белгија, Турција, Италија, Германија, Бугарија, Србија, Албанија, Македнија, Грција, како и на интернет натпревари. Иако има само шеснаесет години, досега има настапувано во Ахен, Бон, Дурен, Хамелбург, Касел во Германија, Мантова и Венеција во Италија, Анталија и Истанбул во Турција, во Атина во Грција, Модане и Париз во Франција, во Перник и Софија во Бугарија, Сремска Митровица и Врање во Србија, како и во Скопје, Штип и во Велес.