Македонија
24. November 2016 - 15:05

Петти состанок за мерките за градење доверба меѓу Грција и Македонија

Во Скопје вчера се одржа петтиот состанок за мерките за градење доверба меѓу Грција и Република Македонија, во согласност со договорот постигнат од страна на двајца министри за надворешни работи во Скопје, на 24 јуни 2015 година, соопшти денеска грчкото МНР.

- Средбата беше продолжување на пријателскиот и конструктивен дијалог за заемно договорени теми, вклучувајќи и проекти за поврзување, полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравство, соработка меѓу дипломатските академии и започнување бизнис иницијативи, се вели во соопштението и се додава дека експертите од соодветните национални институции, исто така, придонеле за плодната и продуктивна дискусија.

На состанокот е одлучено следната рунда разговори да се одржи во Атина на почетокот од 2017 година.