Петти ден општа расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот
Собранието денеска напладне, во рамки на 47 седница, треба да ја продолжи општата расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот.
Во текот на вчерашниот ден пратениците повторно ги спротивставија ставовите – оние од СДСМ уште еднаш рекоа дека ребалансот е развоен и ќе овозможи инвестиции, а нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека е за предизборен поткуп и ќе поттикне нови непродуктивни трошења.
Во дополнетиот ребаланс се вметнати осумте амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа почна во четвртокот, а може да трае пет дена.
Според министерот за финансии Фатмир Бесими, предложениот ребаланс ги отсликува економските и социјалните политики што ќе ги спроведува Владата, насочени кон остварување на клучните цели утврдени со стратешките приоритети.
– Приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон определбата за поддршка на економијата со инвестиции на инфраструктурни проекти, редизајнирање на структурата на јавните финансии преку зголемено учество на капиталните расходи, како и зајакнување на процесот на планирање, извршување и известување за јавните финансии, рече Бесими, образложувајќи го ребалансот на Буџетот пред пратениците.
Министерот повтори дека здравјето на граѓаните, економијата, финансиите и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година.
На дневен ред на 47-та седница, по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2021 година, се уште 46 точки. Втора точка е Предлог-резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, која првично требаше да биде разгледана како деветта.
Ново на Сител
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа