Петровска: Нема реална закана по националната безбедност
– Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека во однос на дојавите за бомби и од информациите за состојбата што ги добива од безбедносно-разузнавачките служби, нема реална закана по националната безбедност.
– Изјавите кои ги дадов во изминатиот период се темелат на информациите од безбедносно-разузнавачките служби, а тоа е дека во моментов нема реална закана која што може да влијае на нашата национална безбедност. Се разбира тоа е податок кој што постојано во континуитет го споделуваат три служби разузнавачки меѓу себе и со тоа го известуваат државниот врв. Секако како и досега, ако се појави каков било зголемен ризик за безбедноста граѓаните ќе бидат соодветно информирани. Од таму се темели мојата изјава, рече Петровска.
Министерката се согласи со констатацијата на новинарите дека заканите за бомби предизвикуваат паника во јавноста, но, сепак, потенцира дека реална закана во овој момент нема.
Во однос на соработката со НАТО за ова прашање, Петровска рече дека тие биле известени во смисла да помогнат и да дадат поддршка во рамките на капацитетите со која располага Алијансата.
Министерката посочи дека од првиот ден МВР ги презело оперативните активности за справување со оваа појава.
– Дополнително од НАТО е побара поддршка во справувањето со овие хибридни закани на подолгорочен рок, би рекла заради тоа што улогата на Алијансата е во тој дел, рече Петровска.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот