Македонија
19. January 2020 - 10:50

Петар Рупески го фати Светиот крст во Охрид

30 годишниот охриѓанец Петар Рупески денеска го извади крстот од Охридското Езеро. Ова му е петти пат, првиот пат крстот го фатил во 2005 година. 

На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.