Свет
3. August 2015 - 9:21

Пет жртви при престрелка на фудбалски натпревар во Салвадор

Пет луѓе загинаа и еден е ранет при престрелка за време на фудбалски натпревар во салвадорскиот град Делгадо.

Според полцијата, за време на натпреварот девет луѓе упаднале во стадионот и отвориле оган врз фудбалерите.

По првични податоци, меѓу жртвите има играчи од гостинскиот тим од градот Ел Трансито. Тројца од загинатите се членови на улична банда, соопшти полицијата.