Пет лица од Виница со симптоми на труење откако јаделе торта
Две деца и три возрасни лица од Виница завршија на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип по констатирано труење со храна.
Тие се пожалиле на болки во стомакот, мачнина и повраќање заради што побарале лекарска помош, а поради лошата здравствена состојба добиле инфузија и неопходни лекарства.
Како причина за труењето лицата го навеле консумирањето торти и колачи од слаткарски дуќан во Виница, на кој по извршениот инспекторски надзор му било издадено решение за забрана за работа.
Од Центарот за јавно здравје во Кочани потврдија дека по известувањето за случајот веднаш се земени примероци од слаткарските производи и од работните површини во дуќанот, а резултатите од испитувањата се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Од Штипската болница информираа дека по укажаната медицинска помош, сите затруени се со подобрена клиничка слика.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска