Песков: Споредбата на Бајден меѓу Путин и Хамас е неприфатлива
Кремљ го осуди обраќањето на американскиот претседател Џо Бајден во кое тој ја спореди Русија со терористичката група Хамас и го нарече Владимир Путин „тиранин“.
– Не прифаќаме таков тон во однос на Руската Федерација, во однос на нашиот претседател, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Бајден, во вчерашното обраќање до нацијата од Овалната соба, рече дека САД мора да застанат со Израел и Украина пред Русија и Хамас, кои се обидуваат „целосно да ја уништат соседната демократија“.
– Не можеме и нема да дозволиме терористите како Хамас и тираните како Путин да победат. Одбивам да дозволам тоа да се случи, нагласи Бајден.
Песков рече дека таквата „реторика тешко одговара за одговорни лидери на држави и тешко дека може да биде прифатлива“ за Москва.
Напорите на САД да ја „задржат“ Русија ќе се покажат како неефикасни, додаде портпаролот на Кремљ.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
