Пешак и возач на мотор тешко повредени во сообраќајки во Скопје
- Две лица од кои еден пешак и еден возач на мотор се тешко повредени во две сообраќајки што се случиле на подрачјето на Град Скопје во изминатите 24 часа.
Според билтенот на СВР Скопје, во изминатото деноноќие се случиле вкупно 12 сообраќајки во кои со лесни повреди се здобиле четири лица, а во осум сообраќајки е причинета материјална штета.
Дваесет и двајца возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени четворица возачи кои биле под дејство на алкохол, 18 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и еден возач почетник.
Од сообраќај се исклучени и пет технички неисправни возила и 13 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција има издадено 60 казни за непрописно паркирање, а 50 возила биле подигнати со специјалното возило „пајак“.
На црвено светло на крстосница поминале пет возачи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници