Пентагон отвори веб-страница со информации за НЛО
Американското Министерство за одбрана отвори веб-страница со јавно достапни информации за неидентификувани воздушни појави (unidentified anomalous phenomena), попознати како неидентификувани летечки објекти.
Предвидено е веб-страницата да функционира како централна база на податоци за информации за решените случаи на НЛО, со објавување на фотографии и видеа веднаш штом ќе бидат декласифицирани.
На веб-страницата ќе се објавуваат и различни извештаи и дел од најчесто поставуваните прашања, како и линкови до официјални извештаи, транскрипти, соопштенија за медиумите.
Пентагон во април соопшти дека набљудува повеќе од 650 потенцијални случаи на НЛО односно случаи кои не можат да се објаснат со познатите актери и да покажуваат активности што не можат лесно да се разберат.
Најчесто пријавени карактеристики на НЛО се: тркалезна форма, со големина од еден до четири метри, транспарентен или сребрен обоен материјал и лет на височина од 3. 000 до 9. 000 метри.
Американските власти не нашле убедливо објаснување за некои случаи на НЛО, додека други се припишуваат на метеоролошки балони, беспилотни летала, но и птици, временски настани или отпад од воздухот.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени