Пентагон не му дава документи на Конгресот за истрагата против Трамп
Пентагон денеска соопшти дека не е во можност да му издаде документи на одбор на Претставничкиот дом во врска со истрагата против американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи како причина„ правни и практични прашања“.
„Одделението во овој момент не може да го одобри барањето за издавање документи. Одделението, сепак, ја почитува надзорната улога на соодветните одбори на Конгресот и е подготвено да соработува со вашиот одбор доколку постои соодветна резолуција за ова прашање“, се наведува во писмото на Пентагон упатено до Конгресот.
Демократите во Конгресот отворија постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп обвинувајќи го дека од Украина барал помош да го извалка името на Џо Бајден, моментално водечкиот кандидат меѓу демократите за претседатеслките избори во 2020 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден