Пендаровски: Загадувањето планирам да биде точка на следната седница на Советот за безбедност
Претседателот Стево Пендаровски смета дека проблемот со загадувањето може да се реши само со координација и вклученост на сите надлежни институции и планира за овој проблем да се разговара на следната седница на Советот за безбедност.
– Проблемот со загадувањето може да се реши само со координација и вклученост на сите надлежни институции. Затоа ќе ја интензивирам комуникацијата и координацијата со граѓанските организации коишто дејствуваат во полето на екологијата. Во мојот одговор на отвореното писмо од здружените граѓански организации и иницијативи, повикав претставници од потписниците на писмото на средба во мојот кабинет на 14.11.2019 во 13.30 часот. Исто така, проблемот со загадувањето планирам да биде точка на следната седница на Советот за безбедност. Сакам граѓанските организации да знаат дека целосно се ставам на располагање за да помогнам во активностите, да бидам гласен поддржувач на граѓанските иницијативи и своевиден мост за побрза и поефективна комуникација помеѓу надлежните институции и граѓанските организации, пишува Пендаровски во одговорот на писмото до здружените граѓански организации и иницијативи
Ново на Сител
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон