Пендаровски, Силјановска и Река и официјално кандидати за претседател
Под кој реден број ќе настапуваат Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река на претстојните претседателски избори ќе одлучи утрешната ждрепка во Државната изборна комисија.
Сите тројца кандидидати веќе ја комплетира пријавата да влезат во трката на 21 април. Пред два дена Алијансата на Албанците и БЕСА ја поднесоа кандидатурата на професорот Река, а денеска на последниот ден тоа го сторија и СДСМ за националниот координатор за НАТО Пендаровски и ВМРО-ДПМНЕ за професорката Силјановска Давкова.
Секој од поднесителите на кандидатурите тврди дека го има победничкиот кандидат.
Сите учесници во процесот порачуваат и ветуваат европска кампања.
Сите три кандидатури формално се поднесени преку граѓанските потписи. На пријавата за кандидатура стои новото име на државата.Кампањата за изборите почнува на 1 април, а изборите се закажани за 21 април. Вториот круг би се одржал на 5 мај.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар