Пендаровски по повод Скопје прајд 2022: Достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани
Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста „Скопје прајд 2022“, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања, соопшти Кабинетот на шефот на државата.
По повод одржувањето на „Скопје прајд 2022“, претседателот Пендаровски порача дека „прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество, кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови.
– Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници. „Скопје прајд 2022“ е парада на различност, прифаќање и дружба на ЛГБТИК+ заедницата, но и можност за сите кои ја разбираат и прифаќаат различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет да ја искажат својата поддршка, додава претседателот на Републиката.
Тој изразува очекување третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање.
– Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани, порача претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува
-
Телефони во училница или не? Наставниците со поделени мислења
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции