Пендаровски: Одлуките за амбасадите ги носи Владата
Отворањето или затворањето на ДКП-та согласно законот е во надлежност на Владата и таа одлучува за тоа, изјави претседателот Стево Пендаровски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во вила „Водно“ со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Тој појасни дека анализата што по стапување на функцијата ја побарал и добил од МНР била со цел да слушне од нив дали има ДКП-а кои не би требало да постојат за да се засили нашата активност во региони и држави кои ни се побитни во овој момент.
-Предлогот јас го добив само за информирање и додека не помине во владина процедура и додека Владата не донесе формална одлука дека таа амбасада или конзулат ќе се затвора, ние можеме да нагаѓаме каква ќе биде владината одлука. Јас можам да кажам што мислам и од оваа позиција, особено од аспект на сите депеши и материјали што ги добивам од нашите ДКП-а, како работат, но тоа ќе биде само вкалкулирано во евентуалната одлука која сепак треба формално да ја донесе Владата, вели претседателот Пендаровски запрашан дали ќе има затворање на постоечки и отворање на нови амбасади.
Според него, во документот со анализата што го добил од МНР постојат сериозни аргументи за неколку наши ДКП во светот зошто би требало да го намалат дипломатскиот персонал или немаат базични претпоставки да функционираат како амбасади.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата

