-->
-->
Пендаровски од Валандово: Во недела гласаме за развој, интеграција и напредок, продолжуваме Заедно напред
-->
Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жителите на Валандово , порача дека Валандово и цела Македонија на 21 април и 5 мај ќе слават победа на опцијата која нуди економски развој, подобар и побогат живот, повисок животен стандард и сигурна иднина.
– Вашиот сограѓанин кој досега недостојно ја извршуваше функцијата претседател, работеше против граѓаните и поддржуваше само една партија. Сите проекти кои носат добро на народот и државата ги кочеше. Противкандидатката Сиљановска има амбиции да биде иста како него и гласот за неа на изборите ќе значи и глас политиките на Иванов да продолжат. Но знам дека граѓаните овде во Валандово, граѓаните низ целата држава нема да дозволат тоа да се случи, порача Пендаровски.
Пендаровски пред граѓаните порача дека со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО и затоа потребно е да се искористи позитивниот момент и да продолжи процесот на интеграција во двата најголеми светски сојузи.
– Затоа, во недела на 21 април масовно да гласаме за број 3, да победи концептот на напредок, на инетргација и развој. Продолжуваме заедно напред, повика Пендаровски.
Тим на кандидатот за претседател Стево Пендаровски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години