Пендаровски на глобален безбедносен форум "Глобсек 2024" кој се оддржува во Прага
Поранешниот претседателот Стево Пендаровски учествувал на глобалниот безбедносен форум "Глобсек 2024" што се одржува во Прага.
Пендаровски бил дел од панелот „Западниот Балкан на крстосница помеѓу западот и истокот", на кој, покрај него учествувале и Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешна претседателка на Република Хрватска, Мило Ѓукановиќ, поранешен претседател на Република Црна Гора и Кетрин Ештон, поранешен висок функционер на ЕУ.
Поранешниот претседател зборувал за генезата на македонските евроинтеграции, при што потенцирал дека проектот за обединета Европа, во целина, последниве години не се одвива со задоволително темпо. Причините за тоа ги лоцирал во недостатокот на стратешка визија во Брисел, како и на незадоволителното темпо на домашни реформи во земјите кандидати за членство.
Според него, војната во Украина наметнала поинаква стратешка динамика на континентот, што бара од земјите-кандидати, но, посебно од новоизбраните институции на Европската Унија, изнаоѓање на модалитети за заокружување на целиот процес во интерес на подобрата иднина на сите народи кои живеат во регионот.
Ново на Сител
-
Kабинетот на претседателката ќе побара објаснување од бугарската страна за превидот со знамето
-
Арачиновци сакале да изнудат 50.000 евра од наводен должник, па си заработија кривични
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
-
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа
-
Меси по точно два месеца се враќа на теренот
-
УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
-
Се враќа воениот рок во Србија - Вучиќ потпиша согласност, Владата ќе носи одлука
-
Невреме во Романија: Заглавени лица во поплавените подрачја, има и загинати