Пендаровски – Грвала-Шварц: Унапредувањето на добрососедските односи меѓу Македонија и Косово ќе придонесе за стабилноста на целиот регион
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Доника Грвала-Шварц, заменик-премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на средбата било изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични, засновани на меѓусебно почитување. Притоа, соговорниците го реафирмирале интересот за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, особено во економската, давајќи поддршка за агендата на активности меѓу владите на двете држави во наредниот период.
Покрај ова, двајцата соговорници разговарале за актуелностите во регионот, соработката и евроинтеграциите, при што било констатирано дека унапредувањето на добрососедските односи меѓу Македонија и Косово ќе придонесе за напредокот, стабилноста и безбедноста на целиот регион.
Во овој контекст, Пендаровски ја реафирмирал поддршката во однос на дијалогот помеѓу Косово и Србија, подвлекувајќи дека секој постигнат резултат треба да биде насочен кон јакнење на регионалната стабилност и безбедност.
На средбата биле разменети информации и мислења за ширењето на делта сојот на Ковид -19 вирусот, темпото на вакцинација на граѓаните, како и справувањето со последиците од пандемијата во двете земји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален