-->
-->
Пендаровски: Да се прави разлика меѓу СЈО и истрагата за „Рекет“
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/july/teujhryjyt-225778.jpg?itok=EmX1lPYC)
Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека е разочаран од тоа што го слуша во последниве денови во врска со СЈО. Апелира до надлежните што е можно побрзо и потемелно да ја спроведат истрагата и да не обрнуваат внимание на евентуалните политички притисоци, затоа што процесирањето на предметот е битен и за СЈО и за демократските процеси кои и престојат на земјата.
– Една работа е работата на институцијата СЈО до овој момент и постапките кои ги воделе различни обвинители, не само Катица Јанева. Сосема друга работа е последниов случај за кој јас ургирам и од оваа позиција, како и да се сфати, до надлежните органи да ја процесираат што побрзо и што подлабоко за да не остави ни најмала дамка на работата на институцијата како таква. Да заклучам, СЈО беше и тоа како потребно во времето кога ги правевме демократските промени. СЈО во некаков облик, во некој дел од системот на редовно јавно обвинителство и те како е потребно и во наредниот период да ги процесира криминалите, не само на оние што биле на власт, туку на нас што сме денеска на власт, вели Пендаровски.
Шефот на државата истакнува дека СЈО е клучната институција која покрај Преспанскиот договор ни ги отвори вратите на ЕУ и НАТО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Тетово, следува соодветна пријава
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на Владата
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек
-
МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни
-
Мицотакис денеска на Санторини – продолжуваат земјотресите на островот
-
Без струја утре дел од општина Центар
-
Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес