Пендаровски – Брнабиќ: Се интензивира соработката меѓу Скопје и Белград последните неколку години
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска прими делегација од Република Србија, предводена од претседателката на Владата, Ана Брнабиќ, на која беше потврдена долгогодишната соработка меѓу двете земји која,според двајцата соговорници, се интензивира во последните неколку години.
Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, Пендаровски изјави дека уште еден доказ за продлабочување на меѓусоседските односи меѓу Северна Македонија и Србија е денешната посета на премиерката Брнабиќ и отварањето на заеднички граничен премин Табановце – Прешево, како еден од клучните елементи на Коридорот 10. Овој проект, како што истакна претседателот Пендаровски, е особено значаен за развојот на економската соработка меѓу двете земји.
Соговорниците разменија мислења за прашањата од взаемен интерес во регионот, како и процесот на европска интеграција и во таа насока размената на искуствата од патот кон ЕУ може да биде од корист на двете земји.
Ново на Сител
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк