Пекинг: Игнорирањето на кинеската политика од страна на Трамп ќе го загрози мирот
Било каква промена во политиката на САД, која би водела кон официјално признавање на Тајван и би го нарушила принципот на „една Кина“, сериозно ќе ги загрози мирот и стабилноста во Тајванскиот Мореуз и ќе ги поткопа односите меѓу Пекинг и Вашингтон, предупреди денеска портпаролот на кинеската Влада, Ан Фенгшан.
- Политиката на една Кина е важен политички темел на односите меѓу Кина и САД и камен-темелник на мирот и стабилноста во Тајванскиот Теснец. Доколку тој темел се разниша, тогаш не може да се зборува за здрав и стабилен развој на односите меѓу САД и Кина, истакна Ан.
Ваквиот коментар од страна на кинеската Влада за тајванското прашање следи откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп минатиот викенд изјави дека не се чувствува обврзан од политиката на „една Кина“, доколку САД не можат да добијат олеснувања од Пекинг во трговијата и другите сфери.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот