-->
-->
Павлески: Референдумите за мигранти, заедно со изборите, ги нарушува двата процеса
-->
Државниот инспекторат за локална самоуправа ќе утврдува дали е законски поставено прашањето за референдумите за мигрантите закажани во неколку општини на датумот кога треба да се одржат и претстојните локални избори, најави денеска заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.
Според него, одржување на референдуми, заедно со изборите, е симптоматично и ги нарушува двата процеса.
Павлески подвлече дека референдумите и прашањата мора да бидат распишани и дефинирани согласно Закон, посебно кога станува збор за локално ниво, а на граѓаните треба да им се даде шанса и доволно време да бидат запознаени со прашањата на кои треба да дадат одговор.
- Свесни сме за реалната состојба на терен. Повеќе општини распишаа референдуми за идентично прашање: дали се согласуваат граѓаните за населување и интегрирање мигранти на нивната територија. Она што е симптоматично е што сите тие се совпаѓаат со одржување на локалните избори. Во оваа смисла сакам јасно и недвосмислено да истакнам дека врвна цел на една демократија е да организира избори на кои граѓаните ќе можат слободно и непречено да се изјаснат, а институциите и државата мора да направат се за да го заштитат тој процес. Но, исто така и референдумот е уставна категорија за која секоја функционална демократијка треба максимално да се грижи, подвлече заменик-министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред трибината за рамноменерен регионален развој
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец