Македонија
21. November 2021 - 18:41

Павле Богоевски: Цел свет и вели на Данела дека решението е БРТ, таа тера вмровски инает

Поранешниот пратеник од СДСМ и граѓански активист Павле Богоевски, денеска излезе со критика за новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, која најавила дека овој проект, за кој веќе се распиша тендерска постапка, ќе биде откажан

„Цел свет и вели дека БРТ е решението за растеретување на сообраќајната гужва во Скопје. Таа упорно вели ‚Не, решението за гужвата се 250 нови автобуси и нови линии! Граѓаните гласаа за тоа'. Ако за нешто гласаа граѓаните Данела, тоа е работите да бидат поинакви и подобри. Ова можеби е пониакво, но воопшто не е подобро. Ова е врвот на вмровскиот инает и на тврдоглавото билдање на сопственото его на сметка на сите останати. Промените доаѓаат. Yea, right“, напиша Павле Богоевски на својот фејсбук профил.