Патријарх Неофит: Православните браќа во Македонија може да сметаат на поддршката на БПЦ
Бугарскиот патријарх Неофит денеска упати порака до, како што рече православните браќа во Македонија, нагласувајќи дека тие може да сметаат на поддршката на Бугарската православна црква.
Неофит, како што јави БГНЕС, испрати специјална порака до, како што рече, братска Македонија, на денот кога Бугарија се поклонува на сеќавањето на бугарскиот револуционер Васил Левски.
Како што наведува агенцијата, специјалната комисија, формирана пред две години за да и и помогне на МПЦ-Охридска архиепископија за добивање автокефалност, продолжува со својата работа во БПЦ. Комисијата ја предводи митрополитот на Стара Загора.
Патријархот Неофит за агенцијата БГНЕС ја коментираше и иницијативата на патријархот Ерусалимски за средба со лидерите на православните цркви следната недела во главниот град на Јордан.
– Се разгледуваат уште некои мислења и потоа ќе се донесе одлука, рече тој, одговарајќи на прашање на БГНЕС дали ќе присуствува на состанокот на православните цркви свикан од патријархот Теофил Трети од Ерусалим во Аман на 26 и 27 февруари.
На прашањето дали, сепак, е предвидено учество на претставник на БПЦ на таа средба патријархот Неофит рече: „Тоа е под знак прашање“.
Агенцијата потсетува дека за средбата во Аман учеството го потврдиле само патријарсите на Русија и Србија, додека сите останати категорично одбиле да присуствуваат. Последниот што одговори негативно на поканата беше грузискиот патријарх Илија Втори, на почетокот на оваа недела.
Според вселенскиот патријарх Вартоломеј, „иницијативата на Ерусалимскиот патријарх е задоцнета и се заканува на единството на Православната црква“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево