-->
-->
Патот Тетово - Јажинце кај Порој блокиран од наноси
-->

Наносите од кал, камења, дрвја и друг отпад се уште го блокираат регионалниот пат Тетово - Јажинце кај Порој откако вчера попладне поради врнежите се излеа Поројска река.
Раководителот на противпожарната единица од Тетово Ука Алити кој истовремено е дел од кризниот штаб на општина Тетово, информира дека во текот на вчерашниот ден не можело да се почне со расчистување на наносите од патот, но оти од утринава веќе се ангажирани неколку багери и камиони за оваа намена.
- Приоритет ни е да го расчистиме коритото на реката. Од оваа страна интезивно се работи, а од другата, од правецот на Џепчиште, се највува интервенција на екипите на Македонија пат. Се надевам дека во најскоро време ќе го отвориме овој патен правец што е многу фрекфентен и потребен на жителите на овој регион. Сепак, наносот е составен од материјал што е многу тежок за работење бидејќи песокот и земјата се многу измешани со вода, рече Алити.
За попладнево е највена посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој го раководи државниот кризен шатб, како и на градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
