Македонија
5. October 2015 - 11:43

Гази Баба се вклучи во акцијата „Македонија без отпад 2015“

Општина Гази Баба, вработените од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба-2007“ и граѓаните од оваа локална самоуправа се вклучија во националната акција „Македонија без отпад 2015“.

Акцијата, како што информираат од општина Гази Баба, има за цел да се исчисти отпадот што се наоѓа на несоодветно место во животната средина и нашето секојдневие и да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Оваа акција е поддржана од Министерство за животна средина и просторно планирање, Град Скопје, граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“ и 60 општини од Македонија.