Македонија
13. December 2021 - 19:33
Партиски обвинувања по викенд изборот на партиско раководство
Ковачевски нема да донесе никакви промени во СДСМ бидејќи тој е само продолжена рака на Заев. Први реакции на опозицијата по изборот на нов лидер во владејачката партија
За СДСМ вчерашните избори се доказ за степенот на демократија во нивната партија и отсуството на реформи во опозицискиот табор.
Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ. Во Белата палата ништо не се менува. Опозициската партија на конгрес, на кој се беше однапред познато, како наследник на Христијан го избра Мицкоски.
Што може ново да понуди политичарот без став Мицкоски, кој изминатиот период покажа дека знае само да блокира и кочи се што е во интерес на граѓаните, дека е против сите успеси на државата. Ништо. – велат од СДСМ во писмено соопштение.
Новиот лидер на СДСМ треба да биде и нов мандатар по најавената оставка на Заев. Актуелниот шеф на полицијата не сака да коментира дали ќе остане дел и од новиот владин состав.
Во ВМРО-ДПМНЕ и натаму остануваат на ставот за брзи предвремени избори бидејќи според нив, резултатите на локалните избори покажале дека актуелната власт нема легитимитет.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
