Партијата за демократски просперитет на Ромите го повика членството да гласа на претседателските избори
Новоформираната Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) ги повика своите членови и ромската популација во целата држава да излезат на претстојните претседателски избори, за да дадат сопствен придонес во унапредувањето на демократските процеси.
На седницата на партискиот Централен и Извршен одбор, што се одржа во Кочани, беше донесен заклучок партијата да им препорача на гласачите во првиот круг од изборите да го дадат својот глас за оној кандидат за кој сметаат дека ќе биде најдобар репрезент на интересите и правата на ромската заедница и на сите граѓани.
– На 5 април го добивме судското решение со кое сме внесени во регистарот на политички партии, со што можеме активно да се вклучиме во предизборниот процес. За сега ќе дејствуваме самостојно, но ако во наредниот период стапиме во коалиција со некоја од партиите кои поддржуваат свои претседателски кандидати, тогаш во вториот круг од изборите и ние ќе се вклучиме со наша поддршка. Планираме до крајот на месецот да го завршиме процесот на формирање општински организации на партијата, а во меѓувреме избравме регионални координатори за полесна и поефикасна комуникација со членството и функционирање на партиските органи. Ги повикуваме сите Роми во државата да излезат на изборите и да гласаат според сопствена слободна волја, истакна Аксел Ахмедовски, претседател на ПДПР.
Партијата за демократски просперитет на Ромите за почеток ќе дејствува во општините од источниот регион на државата, каде, според Ахмедовски, во моменот има околу шест илјади членови.
На седницата на Централниот одбор беше прифатена и инцијативата за пристапување на еден член во Советот на Општина Виница, кој до сега членувал во Партијата за целосна еманципација на Ромите.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти